Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи во мај следната година во Ливерпул, Велика Британија откако поради војната во Украина се одличи оваа земја да не биде домаќин иако ја однесе победа. Бидејќи Велика Британија беше второпласирана организацијата ќе ја има токму оваа држава.

Сепак, како што се наведува, многу земји нема да имаат свои претставници на ова натпреварување.

Македонија и Црна Гора се повлекоа од овогодинешната Евровизија.

Покрај овие две земји, потврда дека нема да учествуваат на следниот натпревар доаѓа и од Бугарија и Босна и Херцеговина. Од натпреварувањето се повлекоа и Словачка, Андора, Монако, Луксембург и Турција.

Речиси сите земји како причина за повлекување од конкуренцијата ја наведоа економската криза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.