На новиот светски виртуелен забавен фестивал „Јунајтед вижн“, на кој учествуваат претставници од стотина земји од целиот свет, младата пејачка Тијана Периќ, со песната „Писмо“, ја претставува Македонија.
Гласањето е во тек, а гласаат клубовите од сите земји што ја имаат лиценцата за учество.
Македонскиот клуб го претставува Тијана (19), наедно и нашата земја.
Тијана Периќ се занимава со музика уште од најрана возраст, одела во Нижото музичко училиште каде што учела да свири клавир и основи на музиката. Минатата година заврши во средното музичко училиште во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, а сега е прва година на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Веќе 12 години свири клавир, досега имала доста настапи и учествувала на повеќе натпревари. Талентот за музика го наследила од својот татко, кој работи како наставник по музика. Голем придонес во нејзината музичка наобразба имаат професорката по клавир Дилек Реџеп и професорката по соло-пеење Александра Коцевска.
„Писмо“ е нејзина прва песна со видеозапис, комплетен автор е Ѓорѓи Крстевски, а неговата продукција „Крстевски ентертејмент“ го реализира спотот, кој е сниман на три локации. Оригиналната верзија трае осум и пол минути, каде што освен како вокал, Тијана е претставена и како пијанистка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.