Популарниот пејач Огнен Здравковски пред неколку дена гостуваше во една од најпопуларните музички емисии на водителот Горан Чомор – „Пред Фајронт“.

Покрај Огнен, гости во истата емисија биле и популарните пејачи: Вања Мијатовиќ, Викторија Бурсач и Фатмир Сулејмани.

Огнен на барање на водителот ја запеал една од најпознатите македонски песни „Зајди, зајди“ и со неговата маестрална изведба ги оставил со подотворени усти гостите, водителот и сите позади камерите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ognen Zdravkovski (@ognenzdravkovski)


Инаку Здравковски за неколку дена ќе го промовира и видеоспотот за неговата најнова песна со која настапи на „Макфест“, „Порок“. Спотот за истата познатиот пејач го сними со професионална екипа во Белград, а покрај Огнен, во него се појавува и позната српска манекенка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.