Спектакуларен концерт на ДНК со кој беше прославен јубилејот 20 години на естрадата се одржа во саботата навечер во арената „Борис Трајковски“.
Публиката во еден глас ги пееше хитовите на Андреј и Панчо. „Борис Трајковски“ ечеше од познатите хитови на ДНК „Навлечен на тебе“, „Пази се од мене“, „Авион“, „Срце“, „Милион денови“, „Што сака нека биде“…
Гости на концертот беа Тамара Тодевска, Магдалена Ена-Цветкоска, Наум Петрески… Се испеа и хитот „Громови на душа“ од Тоше Проески. Гости беа и Мина Блажев, Јанг Дади, Мартин Буцо Битбокс Атанасовски, Таско.
Атмосферата дополнително ја загреа и оркестарот „Агушеви“ со големиот хит на ДНК, „Ако утре ме нема“, а Панчо порача: „Ова е химна на животот. Не заборавајте дека во животот се најважни „Те сакам, благодарам и извини“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.