Викендот што помина се одржа 38-то издание на музичкиот фестивал „Макфест“ во Штип, а според коментарите на публиката, ова година можеа да се слушнат навистина одлични композиции. Една од нив дефинитивно е и онаа „Кошула бела“ на дебитантот на овој фестивал, популарниот Џокер, кого јавноста го знае и како сопруг на музичката ѕвезда Антониа Гиговска.
Џокер настапи за првпат на овој фестивал, односно на првата фестивалска вечер, а иако не успеа да обезбеди пласман за во втората – ревијалната вечер, тој дефинитивно според многумина ја има една од најдобрите песни на ова 38-мо издание на „Макфест“.
Искрен да бидам, ниту на крај памет не бев дека ќе пеам на „Макфест“. Сосема случајно се случи тоа. Имено, песната уште пред дваесетина дена ја пуштив на еден мој пријател да ја слушне и на негово инсистирање реши да ме „спои“ со уметничкиот директор на фестивалот Роберт Саздов. Се сретнавме, Саздов ја слушна песната и веднаш ми понуди да настап на „Макфест“. Размислував неколку дена и решив да ја прифатам понудата. Јас одлично поминав на фестивалот, за мене едно ново искуство. Најважно од се ми е што добивам секојдневно позитивни коментари за песната, вели Џокер.
Инаку младиот артист за оваа песна сними и видеоспот, во кој покрај него се појавуваат уште десетина други статисти од сите возрасти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.