Со прв солистички концерт во кариерата поп пејачката Мијата, утре, на 28 јуни во 20 часот во Куршумли-ан ќе го промовира вториот албум насловен „Вида“. Концертот е во рамки на овогодинешната програма на Скопско лето 2023.

„Вида“ е искрена дури и премногу за нашиот менталитет. Секоја песна е проекција на различно чувство и те води на различно место. Сакам да мислам дека е саундтрак за тоа што ми се случувало во изминативе неколку години, вели Мијата, чиј прв албум „Небеска“ беше објавен во 2015 година.

Учесници на концертот се Мијата – вокал, Валентино Скендеровски – клавијатури, Кире Мирчовски – акустична/електрична гитара, Горан Гешовски – бас гитара, Ратко Даутовски – перкусии, Иво Митковски – тапани, Мартина Нанеска – придружен вокал, Елена Васова – придружен вокал, Дино Хриџиќ – придружен вокал.

Гости се Теда, група Фолтин, Дамир Пух, Наташа Миха, Александар Пешевски, Глигор Кондовски, Никола Стојмановиќ, Мартина Јаневска, Зоран Тортевски Бранко Илиевски и Ангел Ќосев

Билетите се по цена од 300 денари и ќе се продаваат на влезот на Куршумли-ан.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.