На Скопје синоќа му се случи носталгија каква одамна нема видено.Концертот на Нови фосили беше враќање во едни поубави времиња кои очигледно недостасуваат. Времиња кога се купуваа плочи и касети и кога музиката беше музика со емоции.
Вака може да се опише настапот на оваа хрватска група во Македонската филхармонија по 34 години.
Оваа група доживеа многу падови и подеми, смрт на неколку членови меѓу кои и Рајко Дујмиќ и сопругот на Долежал, но сепак се врати на сцената.
Сега Сања е на 61 година, но сѐ уште игра, се смее и годините како да не им можат ништо и покрај семејната трагедија кога го изгуби сопругот.
Кога ќе ве погледнам навистина сме остареле-рече Сања на почетокот.
Публиката беше повеќето од средната и постарата генерации кои ги слушала „јас сум за танц, , Милена, невени жолти, Тонка, ме слушаш дали ти е драго, дете на среќата“ и многу други.
Сања, Зец и Маринко велат дека се како семејство па дури се и кумови.
Маринко е единствениот член од првата постава од 1969 година и како што откри Сања постар е дури и од Мик Џегер.
Добро е да го работиш тоа што го сакаш, но уште е подобро кога работиш со тие што ги сакаш-рече Сања.
За крај на настапот ја отпеаа песната која е нивен заштитен знак „За добра стара времиња“ со надеж дека можеби пак ќе дојдат некогаш во Скопје и тоа да не биде толку долго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.