Сенка на познатиот фестивал „Санремо“, кој воедно го избира и официјалниот претставник на Италија на Евровизија, фрли познатиот италијански пејач Рикардо Фабричони, познат како Бланко, кој бил испратен од бината со гласни свирежи…

Во текот на својот настап италијанскиот пејач имал технички проблеми, па во еден момент започнал да ја уништува сценографијата на сцената. Тој ги шутирал цвеќињата, ги фрлал плочите на кои биле наредени рози и се однесувал непристојно со музичарите кои настапувале со него.

Дивеењето не прекинало до самиот крај на песната, а кога завршила, публиката гласно го исвиркала.

„Убавата работа во музиката е што не морате секогаш да го следите шаблонот. За жал, не се слушав во слушалките, не можев да си го слушнам гласот, но сепак се забавував“, рекол пејачот пред публиката и водителот кој со страв му пришол.

Италијанските медиуми го окарактеризираа неговиот настап како еден од најлошите во историјата на фестивалот.

По 19-годишниот Бланко, на сцената излегол легендарниот музичар Џиани Моранди со метла во раката, кој се обидел да го исчисти цвеќето кое било расфрлано по сцената.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.