Мад Морганфилд, синот на легендарниот блуз пејач и гитарист, Мади Вотерс, ќе гостува во Скопје, на четвртото издание на Котон блуз фестивал.

Шеесет и осумгодишниот Морганфилд е најстариот син на славниот блузер, кого често го нарекуваат „татко на модерниот чикашки блуз“.

И Морганфилд ја почна својата музичка кариера од блуз клубовите во Чикаго, а професионален музичар станал дури по смртта на татко му во 1983 година. Неговиот последен албум излезе лани.

Морганфилд на своите настапи изведува и песни од својот татко, со кого дели слична боја на гласот.

Котон блуз фестивал ќе се одржи на 25 мај, во Младински културен центар во Скопје, а организаторите на фестивалот „Блуз фамилија“, најави дека Морганфилд ќе биде придружуван од домашни музичари.

Голема чест и привилигија е гостувањето на вака големо музичко име, пред се знаејќи го неговото блуз педигре. А, уште поголема чест е што за време на настапот Морганфилд ќе биде придружуван од музичари од домашната блуз сцена“, велат од здружението „Блуз фамилија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.