Скопското блуз дуо „Ин д муд“ (In The Mood) денеска слави 14 години активно постоење на македонската музичка сцена.

Дуото е формирано од Сашо Ѓорѓевски и Никола „Џими“ Петровски во 2009 година и со преку 3.500 настапи низ локалите ширум Македонија, но и со повеќе настапи во земјите од Балканот, веќе и е добро познато на публиката, пред се на љубителите на блуз и рок енд рол музиката.

По ланското објавувањето на нивниот прв авторски материјал, „Ин д муд“ годинава имаа и неколку фестивалски настапи. Свиреа на „Котон блуз фестивалот“ во Скопје како придружен бенд на Мад Морганфилд, синот на славниот Мади Вотерс, а летово учествуваа на фестивалот „Триљ“ во Хрватска, каде што настапи и славниот гитарист Робен Форд. Дуото беше дел и од премиерното издание на Радовишкиот блуз фестивал.

За следната година се очекуваат нови настапи во Хрватска, Србија и други ангажмани надвор од државата, а во меѓувреме „Ин д муд“ продолжуваат со секојдневните блуз-сеанси во Скопје и повремено низ Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.