Актерките Нина Елсезер, Ангела Стојановска, Надица Петрова и Бонита Стеви во четврток 13. април во 21 часот во „Јавна соба“ организираат невиден диско перформанс кој е фузија на мјузикал, стенд ап комедија и караоке, каде што публиката не престанува да игра, се смее и забавува.

Младите актерки прават спој на театарска глума и музичко сценски настап преместувајќи го вешто тежиштето на забавата од театарски перформанс кон музичко забавен.

При осмислување на проектот актерки си го поставија прашањето: Како девојки родени во 90-те би ја внеле скопската публика во Диско ерата на 70-те и 80-те?“ Актерки со своите извонредни перформанси успејаа многу вешто да го осмислат целиот двочасовeн програм со цел публика да заминe од „Јавна соба“ срeќна, весела и со желба за повторно видување.

Со овој пионерски проект независните актерки истапуваат на слободниот пазар-јавноста, по моделот на „Broadway Theater”, каде успехот е гарантиран исклучиво доколку персормансот е прифатен од публиката и се бараат повеќе настапи. Ова е вистински рецепт за окрупнување на независната културна сцена, за кое многу институции говорат, а малку реализираат.

Билетите за настанот се купуваат во „Јавна соба“.

„Girls Night“ нуди незаборавна забава за сите љубители на добра музика и добар перформанс. Организаторите најавија „Треска на четврточната вечер“, ќе биде „многу, многу добро“ со зборовите на мајката кралица Дона Самер.

Стилист на целиот проект е Сашка Павловска, а продукцијата е на „Јавна соба“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.