Претставничката на Шпанија Шанел во саботата ја воодушеви европската публика со својот секси настап и песната „SloMo“, со која го освои третото место во финалето на „Евровизија“.

Иако не успеа да ги победи Украинците, огнената шпанска претставничка беше една од главните теми меѓу евровизиските коментатори.

Но, публиката сега е преокупирана и со видеото од возбудената и емотивна Шанел додека се чекаат резултатите од гласањето кое се шири на „Твитер“.

Згодната Шпанка прво заплака, а потоа се фрли во прегратките на Марија Перез, една од нејзините танчерки. На видеото се гледа како нејзината девојка вели „те сакам“. Откако размениле неколку зборови, девојките се бакнале во уста и силно ја гушнале.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.