Сите се сеќаваме на нашиот Тоше Проески. На денот на неговото раѓање, се огласи и неговата сестра Дора, која сподели фотографија од роденденска торта со запалени свеќи, додека во позадината е фотографијата на Тоше, а зборовите на тортата ја кинат душата.

Тешко е да се живее без душа, а душа моја си ти – пишува на роденденската торта посветена на настраданиот Тоше.

Иако не е меѓу нас, бидејќи прерано го напушти овој живот, со само 26 години, неговата скромност, хуманост и големината на неговото срце засекогаш е врежана во нашите сеќавања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.