Во првата полуфинална вечер на Евровизија настапија и претставниците на Украина, кои според обложувалниците се големите фаворити на ова натпреварување.

Бендот Калуш Оркестар ја изведе својата песна Стефанија, во која комбинираа хип-хоп со етно елементи, а луѓето со ентузијазам го коментираа нивниот настап.

„Песната е лесна за уво и е одлична комбинација на дабова и етничка музика“,
„Навистина ми се допаѓа ова. Различно и интересно“,
„Порано мислев дека ако победат, ќе победат од политички причини. И тогаш Ја слушнав песната, навистина е одлична!“,
„Навистина ми се допаѓа оваа песна, микс од традиционални песни и хип-хоп“, се дел од коментарите на YouTube.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.