Пејачката Беса Кокедима, која ќе ја претставува Албанија на овогодинешниот избор за песна на „Евровизија“ во Малме, преку „Инстаграм“ ја честиташе годишнината од осамостојувањето на Косово.

Среќно слободно и гордо Косово! Ти си срцето на Албанија и најслатката лулка на Албанија! Те сакам! Слава на мачениците, напиша таа.

Српската јавност реагира на пораката. Тие бараат дискфалификација на пејачката, имајќи предвид дека „Евровизија“ забранува секаков вид политички пораки.

Бесрамно е ова да го прави претставник на Евровизија. Ќе има ли дисквалификација?, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.