Песната “Flying To Berlin” на RIS FLOWER во огромна конкуренција е избрана во финалната селекција од 6 песни кои ќе се  натпреваруваат за претставник на нашата држава на Евросонг 2022г. во Торино, Италија.

“Flying To Berlin” е авторско дело (музика и текст) на Борис Цветановски А.К.А. RIS FLOWER,  а аранжманот и аудио продукцијата се дело на врвните, светски реномирани, продуценти од Турција, Мустафа Чанбазлар и Арикан Сиракаја, кои воедно се и дел од тимот на Сертаб Еренер, победничката на Евросонг во Рига, Латвија.

Во изминативе десет години, Борис Цветановски А.К.А. RIS FLOWER, е најдобро препознатлив на македонската музичка јавност преку неговите енергични настапи во живо!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.