Поранешниот тапанар на Битлси – Ринго Стар ги откажа концертите во Северна Америка откако беше позитивен на тестот за Ковид-19, потврди денеска неговиот претставник за печат.

Вчера Ринго Стар (82) ги откажа настапите во Мичиген и Минесота во САД, а неговиот портпарол најави дека поради болест ќе бидат откажани и пет концерти во Канада.

Остатокот од турнејата зависи од закрепнувањето на Стар.

Ринго се надева дека ќе продолжи (настапот во живо) што е можно поскоро и закрепнува дома. Како и секогаш, тој и неговиот бенд All Stars им испраќаат на своите фанови желби за мир и љубов и се надеваат дека наскоро ќе ги видат на турнеја, се вели во соопштението.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.