Синоќа во Охрид започна најмасовниот летен музички фестивал на електронската музика.
Организаторите Авалон Продукција најавија рекордно фестивалско издание со повеќе од 50 000 посетители во сите 5 фестивалски денови до 4-ти август во Касарна.
Посетители од Австралија, Германија, Франција, Белгија, Обединетото Кралство, Канада, Соединетите американски држави и многу други земји ширум светот доаѓаат да бидат сведоци на магијата на Ohrid Calling. Да им посакаме допло добредојде, велат од Авалон.
Авалон продукција во Охрид носи бројни светски и домашни артисти од електронската музичка сцена, од dance-pop хитмејкерот Jonas Blue, легендарниот Steve Aoki, Morten кој во моментов се наоѓа на врвот од неговата кариера и Salvatore Ganacci.
Покрај нив, атмосферата во касарната ќе ја загреваат Regard, Sullivan King, Wolfpack, Marten Hørger, SKIY, Cyrillic, Pessto, Divolly & Markward, Jordan John, Invictoz, Delovski, Jana Slayy и Tasev.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.