Од американската турнеја на Владимир Четкар останаа уште само уште две дестинации. На 30 ноември тој ќе настапи во Black Cat Jazz Club, најпознатиот џез клуб во Сан Франциско, a на 9 декември во Вест Палм Бич, Флорида во прочуениот Нортон Музеј на уметноста.

Владимир Четкар на оваа турнеја досега настапи во Чикаго, Детроит, Кливленд и Њујорк каде концертот беше распродаден неколку дена однапред. На овие концерти Четкар се претставува како композитор, аранжер, изведувач (гитарист и вокалист) и бендлидер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.