Македонската пејачка Андријана Јаневска во Горица ја промовираше нејзината прва книга „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“. Како што неодамна сподели, станува збор за нејзиниот докторски труд на кој работеше девет години, а со кој успеа да заштити над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, кои, како што вели, соседните држави претходно суптилно, а во последен период јавно почнаа да ги претставуваат како свои.
Народното творештво претставува еден од најзначајните сегменти во севкупниот материјално-духовен идентитет на македонскиот народ. Истражувањата покажаа дека чувството за: јазикот, припадноста и идентитетот никогаш не ги напуштило Македонците од овие региони. Во текот на моите теренски истражувања, но и во многу книги сретнав записи и кажувања како македонскиот фолклор сакаат да го прикажат како туѓ. Македонскиот народ, кој живее во овие три региони, токму преку традиционалните македонски песни, во разни варијанти, е поврзан како еден единствен народ, кој, за жал, во минатото бил разделен, сподели Јаневска, сега веќе доктор на науки во оваа област.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.