Една од нашите најголеми музички ѕвезди Влатко Лозаноски – Лозано и годинава новата година ќе ја пречека работно, со голем тричасовен концерт. Популарниот пејач заедно со неговиот бенд овојпат ќе ги забавуваат гостите во хотелот „Bocca Di Lupo“ во Скопје.

Покрај Лозано, гостите ќе ги забавуваат и девојките од женскиот бенд „К4“, кои ќе бидат задолжени да ги пеат најголемите домашни и регионални хитови.

Годината ќе биде плодна за Лозано, кого го чекаат големи прекуокеански концертни тури во Австралија и во САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.