Седумнаесетгодишната Мелани Тарчуловска, ќерката на Јохан и Соња Тарчуваловски се претстави на големата сцена на „Гранд“ и влезе во понатамошното натпреварување од музичкото шоу. Таа изведе песни од Лепа Брена и Тамара Тодевска, „Пожели сречу другима“ и „Тажна љубов среќна песна“.

И покрај големата трема која се слушаше во нејзиниот глас, успеа да се избори и да ја добие наклонетоста на жирито, кое ја награди со 5 гласа, а за свој ментор го избра Ѓорѓе Давид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.