Концертот на ПИЈАН СЛАВЕЈ кој требаше да биде вечерва во Народен театар Битола, заради ден на жалост беше одложен.

Новата дата е 17 февруари, петок со почеток во 20 часот.
Сите купени билети се важечки

Ве очекуваме на музичко уживање со новата македонска шансона на Бранислав Николов, фронтменот на “Фолтин”, кој заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев и Андреа Мирческа подготвуваат патување низ музика и поезија кое ќе се памети, соопштија организаторите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.