Младиот пејач Јасмин Алиевски уште еднаш брилијираше во саботата на музичкото натпреарување „Ѕвездите на Гранд“ и со сите освоени бодови од жирикомисијата, се пласираше во следниот круг.

Јасмин дополнително доби пофалби, бидејќи на сцената маестрално ги изведе двете песнии тоа во доста лоша здраствена состојба. Алиевски имаше температура од 38 степени.

Тоа го потврди и Саша Поповиќ кога на Јасмин му даде топломер и на сцена ја измери температурата. По пет минути откако нашиот пејач го стави топломерот за мерење, живата покажуваше 37,8 степени…

Пофалните зборови и без тоа се редеа на сметка на Алиевски за неговиот настап, а пак Саша кажа дека ова е најдобриот кандидат досега од Македонија…

„Сјајни се и двата кандидати, бевте одлични“ – беше коментарот на Цеца, а со неа се согласи и Вики Миљковиќ.
„Убедливо најдобри вечерва“ – искоментира Снежана Ѓуришиќ.
„Толку беа сугестивни, убедливи, беа предобри“ – кажа и Поповиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.