„Небо диво“ е најновата песна на Наталија Данаилова за која беше продуциран и видео запис од страна на Ѓорѓи Вацев. Музиката и текстот за песната се на Весна Малинова, аранжманот на Илија Ќосевски.

Данаилова македонската публика ја познава од повеќето талент шоуа и од учевството на македонските фестивали како Макфест 2021 година со песната „Не крши ме“ и истата година на Охридски трубадури со синглот „Вреди ли“.

„Сѐ за тебе“ е нејзиниот деби албум кој го издаде на музичкиот пазар, а во моментов се подготвува и вториот албум кој се очекува да биде готов до крајот на годината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.