„Танец“ со голема тага известува дека денеска, после долг и неверојатно богат и успешен живот, во својата 96-та година од животот, замина во вечноста Атанас Коларовски, знаменитиот играорец и кореограф од првата генерација на „Танец“.
Атанас Коларовски е роден во село Драчево, скопско, во 1926 година. Со формирањето на Државниот ансамбл „Танец” станал негов член и речиси дваесет години бил уметнички директор, кореограф и играорец-солист.
Од 1970 година се преселил во Соединетите Американски Држави, каде што ја продолжил својата активност како инструктор, пренесувајќи им го богатството на македонскиот музички и играорен фолклор на генерации вљубеници од целиот свет. Атанас Коларовски е автор на повеќе врвни кореографии за „Танец“, меѓу кои и на антологиските „Драчевка”, „Калајџиско” и „Невестинско”.
Тој остави длабока и неизбришлива трага на целокупната македонска култура, а неговите творби го внесоа во вечниот македонски незаборав.
Нека му е светол патот и вечна славата на големиот мајстор на македонскиот танец!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.