Адел се повлекува од јавноста на одредено време по завршувањето на нејзиното американско музичко шоу „Викенди со Адел“ во Лас Вегас оваа година.

Воопшто немам никакви планови за нова музика! Сакам поголема пауза после сѐ ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време. Знаете, јас воопшто не пеам дома. Колку е тоа чудно!?, изјави Адел во интервју за германски „ЗДФ“.

Инаку, британската пејачка ги почна „Викендите со Адел“ во ноември 2022., а нејзиниот засега последен настап е закажан за 23 ноември 2024 година.

Таа искрено говореше за своето искуство со славата, признавајќи дека ѝ недостига животот што го имала пред да стане позната.

Не ми се допаѓа тоа што сум позната. Сакам да правам музика и сакам луѓето да ја прифаќаат, но не ја сакам славата. Ми недостасува животот пред славата, рече Адел.

Во февруари поп-пејачката мораше да одложи 10 концерти во Лас Вегас поради здравствени проблеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.