Членовите на британската рок-група „Пинк Флојд“ преку официјалниот „твитер“ профил соопштија дека снимиле нова песна по период од 30 години, со цел да се даде поддршка на жителите на Украина.

Песната „Hey, Hey, Rise-Up!” е објавена пред десетина часа, а ќе се користи за хуманитарни цели поврзани со војната во Украина.

Во песната е вклучен е Андриј Хливниук, член на познатиот украински бенд „BoomBox“, со неговиот клип снимен на плоштадот „Софискаја“ во Киев што веќе е објавен преку Интернет.

Хливниук ја прекина светската турнеја за да се врати во Украина и да помогне во одбрана на татковината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.