40 години Бајага и инструктори не исполнуваат со магија. И синоќа на концертот во салата „Јане Сандански“ публиката танцуваше, пееше, уживаше во магијата на музиката која овие луѓе ја создаваат.
На нивните концерти најчесто има публика од постарата генерација, „момци“ и „девојки“, чија младост ја одбележале „Плави сафир“, „Берлин“, „Музика на струју“, „Кад ходаш“, „Тамара“, „Јер ти се љубиш“, „442“…, но овој пат во публиката имаше забележителен број млади, тинејџери кои дојдоа заедно со своите родители и во еден глас ги пееја песните. Навистина годините минуваат за Бајага и инструктори траат, како што рече Жика синоќа на концертот.
Во преполната сала Бајага и инструктори ги изведоа повеќето од хитовите кои музичарот ги напиша и ги отпеа во текот на 40-годишната кариера и задоволство беше за сите да се биде таму, бидејќи целата сала во еден глас ги пееше песните заедно со нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.