На 2 и 3 септември не очекува фантастичен „Охрид фест 2022“. Ќе настапат: Кики Лесендриќ, Владо Калембер, Златко Пејаковиќ…, награди за промоцијата на музиката на Балканот за Гаро и Мирослав Илиќ, соопштија организаторите.
Подготовките за најновото, 29-то издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест“, една година пред јубилејот, се во полн ек.
На 2 септември, на сцената на Долни Сарај во Охрид, во Фолк вечер ќе настапи домашната фолк елита, свое шоу ќе има популарниот пејач од Србија – Мирослав Илиќ („Божанствена жено“, „Није живот једна жена“, „Још те нешто чини изузетном“, „Поломиќу чаше од кристала“…) а во втората фестивалска ноќ на 3 септемри ќе видиме многу атрактивни музички имиња од Балканот.
Бастионот на убавата македонска песна „Охрид фест“, годинава ќе понуди одлична фолк и интернационална вечер, каде на 2 и 3 септември ќе настапат докажани музички имиња и, бидејќи ги охрабруваме новите музички сили, даваме можност дебитантите да ја започнат музичката кариера токму од Охрид – вели првиот човек на „Охрид фест“, Григор Копров.
Традиционално, водителите на фестивалот се Каролина Петковска – во Фолк вечерта и Маријана Станојковска и Васил Зафирчев во Интернационалната вечер, кога ќе настапат многу интересни имиња.
Од Србија доаѓаат Кики Лесендриќ и Срѓан Марјановиќ, од Хрватска- Владо Калембер, Златко Пејаковиќ, Теди Грубица и Јурица Паѓен („Аеродром“ „Азра“, „Парни ваљак“), од Босна го имаме Ален Исламовиќ, словенските музичари се Божидар Волф, Инес Ербус& Давид Амаро, од Бугарија ќе го видиме дуото „Expose“, од Албанија – Рина Рамадани и гостинот од Грција е Толис Дамјанос.
Советот на фестивалот најавува уште многу изненадувања.
Наградите за промоцијата на музиката на Балканот се доделуваат на Мирослав Илиќ, кој ќе има свој мини концерт во фолк вечер и нашиот Гарабет Тавитјан, кој ќе го видиме во Интернационалната вечер.
Од најубавата сцена на Балканот- Долни Сарај, фестивалот директно ќе го пренесува националниот сервис, МРТВ а преносот ќе го емитуваат над 10 телевизии од Балканот.Се гледаме во Охрид!, велат оттаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.