По неколкугодишна пауза од настапи во Свети Николе, Влатко Лозаноски Лозано најавува незаборавна вечер со фановите од овој град.

Неговата средба со публиката во Свети Николе е закажана за 18.06.2022 (сабота), со почеток од 21:00 часот.

Лозано и неговиот бенд ќе настапат во „Plan B Caffe“, каде заедно со обожавателите во еден глас ќе ги пеат неговите најголеми хитови, како „Километри“, „Јако, Јако“, „Како тебе нема друга“, „Не те вадам од памет“, меѓу кои, се разбира, на репертоарот ќе се најде и неговата најнова нумера „После полноќ“.

Инаку, пејачот веќе работи на нови музички проекти, па наскоро публиката ќе има прилика во својата плеј листа да додаде уште една нова песна на Лозано.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.