Наскоро ќе имате прилика да го погледнете спотот за најновата песна на младиот и познат пејач Огнен Здравковски, кој го снимаше во далечниот Египет.
Песната е на српски јазик и носи наслов „Километрима“.

За овој најнов музички проект, Огнен реши да соработува со едни од најдобрите музички имиња од Србија, кои стојат како автори на можеби најголемите хитови на овие простори. Тоа е познатиот композитор Сашко Николиќ кој се потпишува како автор на музиката, текстот го напиша Мира Мијатовиќ, додека пак аранжманот е дело на одличниот Аца Крсмановиќ.

За видеоспотот, Огнен ги избра момците од „Урбан Рекордс“, односно како режисер се потпишува Гордан Божиновиски.

Инаку ова не е прва соработка на Огнен и Сашко, тие предходно соработуваа и за песната „Душа“, а по се изгледа ќе продолжат и во иднина.

Овој најнов музички проект ќе биде промовиран во Скопје, но и во Белград, а телевизиска премиера ќе има и на телевизите на „Гранд“, каде Огнен е ексклузивец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.