Четири шведски градови беа во игра за домаќини на следниот избор за песна на „Евровизија“, а веќе е одлучено дека наместо во главниот град, музичкиот фестивал да се одржува во Малме, пренесува N1.
Полуфиналните вечери ќе се одржат на 7 и 9 мај, а финалето на 11 мај следната година во Арената во Малме.
Конечно беше избран Малме бидејќи ги исполни сите критериуми, изјави извршниот продуцент Еба Адиелсон за шведскиот јавен радиодифузен сервис SVT.
Шведската претставничка на овогодинешната Евровизија, пејачката Лорин повторно победи на ова натпреварување. Нејзината песна „Тетоважа“ доби најмногу поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.