Победниците на италијанскиот фестивал „Санремо“ за избор за песна што ќе ја претставува Италија на овогодинешната Евровизија се моќното дуо Махмуд и Бланко со песната „Brividi“.

Песната „Brividi“ веднаш стана фаворит на обложувалниците, па многумина на социјалните мрежи веднаш почнаа со претпоставки дека Италија и оваа година ќе победи на Евровизија.

Сепак, треба да се напомене дека досега се познати само девет песни кои ќе ги слушнеме на овогодинешниот натпревар.

Махмуд ја претставуваше Италија на Евровизија во 2019 година со песната „Soldi“, и го освои второто место, а песната стана хит.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.