Објавен е спорот за „Пари“, новата песна на најпознатиот македонски јутјубер и водител Стефан Лазаров.

Со новиот видео запис, 25-годишниот јутубер ја слави двегодишнината од отворањето на својот јутуб канал преку кој стекна голема популарност, а во моментов брои скоро 70 000 следбеници.

Видео записот за песната „Пари“, е режија на Томислав Живковиќ, а се снимал во Грција. Текстот, музиката и аранжманот на песната се на дуото „Два Бона“. Во спотот се појавува и македонскиот модел Сара Дојчиноска.

Музиката ми дава можност да се претставам и искажам емотивно и на најдобриот начин на којшто знам. Сакам да се заблагодарам на целиот тим кој работеше на овој проект и да нагласам дека следува период на активно посветување на мојата музичка кариера, изјави Лазаров.

Лазаров во досегашната негова кариера има неколку хита како „Ти“, „Мајко моја“, „Победник“ и други.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.