Српската група „Ван Гог“ го објави сингот „Луд и сам“ на 27 октомври во 18 часот на јутјуб-каналот musicvangogh.

Музика и текстот на „Луд и сам“ се дело на Звонимир Ѓукиќ, додека аранжманот е на Звонимир Ѓукиќ, Србољуб Радивојевиќ, Воислав Аралица.

На крајот на јануари 2025 година, бендот ќе го претстави вториот по ред сингл и спот, за песната „До последњег даха“, а на 22 април 2025 година, на Светскиот Ден на планетата Земја, и третиот за песната „За планету С. О. С.“.

Енергијата на младите луѓе на нашите концерти буди надеж, откривање на нивната посветеност, за нас е посебно ниво на уметност“, вели Ѓуле.

„Ван Гог“ ќе се појави пред публиката во Белград на 29 ноември во Домот на млади, на истото место каде во 1986 година за првпат ја отсвири „Трагова прошлости“, а кон средината на декември, со музиката ќе се поклони и на публиката во Скопје, со тие концерти, групата ќе ја започне својата нова турнеја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.