Со голем успех заврши и третото издание на No Sleep (Но Слип), сѐ уште официјално Најдобриот нов фестивал во Европа, кој минатиов викенд се одржа на повеќе локации во Белград. Во годината во која светската музичка индустрија се враќа во полна сила, фестивалот во продукција на тимот на EXIT (Егзит) по двегодишна пауза повторно покажа дека може да го издигне Белград во место кое е рамо до рамо со водечките градови познати по клупската сцена и настани, како што се Лондон, Берлин или Амстердам.
Повратното издание во вонредниот пролетен термин го обележаа настапите на некои од водечките имиња на светската електронска сцена, како што се техно суперѕвездата Nina Kraviz, виртуозниот композитор Stephan Bodzin и актуелниот хит-состав Agents of Time, но и апсолутните диџејски легенди како што се DVS1, DJ Bone, Sebastian Leger и DJ Tennis. Несомнениот квалитет на регионалната сцена го докажаа и Tijana T, Kristijan Molnar, Dejan Milićević, Monosaccharide, Layzie и десетина други чии настапи беа распоредени по клубовите ширум Белград.
Овој викенд, меѓународно пофалуваниот клуб „Драгстор“ работеше во максимален капаците, со дури четири посебни настани во рамки на фестивалот, од распродадените хип-хоп журки до афтер-забавите со изведувачи од Германија, Јужна Африка, Франција и Турција. Со полна пареа работеа и клубовите 20/44, „халф“, „Бен Акиба“, „Дот“ и колосалните Силоси, кои ги восхитија особено странските посетители од цела Европа, но и од Азија, Јужна Америка, па дури и Индија.
Покрај главната музичка програма, 48 часовната константна програма ја исполни и сега веќе традиционалната No Sleep конференција, која за време на двата дена собра бројни посетители и говорници од музичката индустрија. Покрај широкиот спектар на теми кои го засегаат нашиот живот, посебно внимание предизвика влијанието на пандемијата и социјалното дистанцирање врз менталното здравје на младите, но и глобалната реакција на штетноста на таканаречената „cancel“ култура во јавноста, Претставени беа и новите можности за употреба на НФТ технологијата и уметноста, додека најголем интерес предизвика панелот EXIT the Metaverse, на кој беа најавени возбудливи иновации токму во фестивалската индустрија.
Основачот на фестивалот Душан Ковачевиќ кажа дека EXIT всушност влегува во Metaverse за да го брани и чува искуството во живо.
Нашата НФТ колекција ќе биде инспирирана и поврзана со дел од најдобрите искуства на и околу фестивалот. Длабоко веруваме во тоа дека искуствата во новиот универзум не смее да бидат замена, туку само надополнување на постоечките“, додаде.
Јован Тишма, еден од основачите на „SolSea“ платформата и „All Art“ проектот, го истакна значењето на овој чекор на фестивалот: „Драго ми е дека EXIT рано зачекори во ова и дека можеме да експериментираме, откриваме и истражуваме заедно“.
По пролетниот надомест, новото издание на No Sleep Фестивалот се враќа оваа есен во својот редовен ноемвриски термин, а фановите наскоро ќе имаат можност и да се пријават за раните влезници по најдобрите цени. Огранизаторите најавуваат и разни новитети во однос на досегашните изданија.
Со ова, тимот на EXIT воедно го отвори овогодишниот календар на настани во кој централно место секако зазема EXIT фестивалот на Петроварадинската тврдина од 7 до 10 јули, чија програма ја предводат Calvin Harris, Nick Cave & The Bad Seeds, Iggy Azalea и стотина други. Нему ќе му претходи Sea Star на 27 и 28 мај во Умаг, додека кон крај на август и во септември се двата црногорски настани – Sea Dance и Ada Divine Awakening.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.