Како и со неговите претходни песни и видеоспотови, така и овој пат младиот и талентиран музичар Џокер предизвика реакации на социјалните мрежи, па така во коментарите на објавите може да прочитате и позитивни и негативни забелешки за неговиот најнов музички проект насловен „Сол на рана“
Јас правам музика прво мене да ми се допадне, па потоа на публиката. Можеби е себично, но која е поентата да создавам музика која мене не ми се допаѓа. Ова е еден можеби би рекол нов правец, нешто што не можеме го слушнеме на нашата естрада. Со други зборови, сакам да сум различен од останатите, вели Џокер.
Џокер е комплетен автор и аранжер на новата песнат, додека за спотот како режисер се потпишува Горан Симјаноски.
Во спотот покрај Џокер се појавуваат неколкумина музичари и три згодни девојки во провокативна облека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.