Уште нецели две недели до одржување на деветотто издание на реномираниот музички фестивал за народна музика „Прилеп фест 2024”.
На 1 ноември, односно во петок на сцената во домот на културата „Марко Цепенков” во Прилеп ќе имаме прилика да ги слушнеме и видиме најистакнатите музички фолк имиња од нашата земја. Листата на изведувачи е навистина голема, а ова се само дел од нив: Анета Љумаковска, Перо Христов, Татијана Стефановска, Спасен Сиљановски, Елена Велевска, Чеде Спасиќ, Стојне Николова, Дамјан Димевски и уште многу други.
Она што ќе биде вистинско изненадување на вечерта е заедничкиот настап на Наум Петрески, неговата сопруга Зуица Лазова и нивниот син Стефан.
Мора и да се напомене дека освен што ќе ги видиме добро познати музички ѕвезди, фестивалот останува верен на својата традиција да им даде простор и на новите музички надежи, овозможувајќи им афирмација пред широката публика и љубителите на фолк музиката.
Нè очекува одличен фестивал и одлични нови песни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.