Добрила и Дориан дуо вчеравечер првпат настапија во Тирана и оставија одличен впечаток. Нивната музика се потпира на она што се македонски традиционални мотиви, меѓутоа храбро одат и подалеку од тоа. Ослободувајки се од стапицата да повторуваат традиционални мотиви, Добрила и Дориан се впуштаат во река од импровизации, користејки електроника, лупови и различни стилови, Сето тоа делува хипнотички врз публиката. Концерт беше мирен, медитативен, нежен, дурски лиричен, музиката остави некој талог на филмско чувство меѓу луѓето.
Директорката на Cloud festival, госпоѓата Едит Пула, веднаш по завршувањето на концерот, напиша коментар со големи комплименти, дека овој концерт е нешто најдобро што се случило годинава на овој фестивал.
Културно информативниот центар во Тирана, изминативе 20 дена имаше шест настани, каде се претставија 70 наши уметници. Следниот настан кој го организира КИЦ во Тирана е во соработка со Националната галерија на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.