Повеќе од 20 години Егзитовата „Денс Арена“ растеше до планетарниот феномен за кој важи денеска, а водечките глобални медиуми и музичари ја прогласуваа за најдобра бина на електронската музика на светот. Небројните легендарни ноќи и утра од лето во лето го додаваа својот придонес во изградбата на местото кое стана многу повеќе од бина, раскрсница на патот на комплетната сцена, величенствен храм на електронската музика. Во новото издание на најголемиот музички фестивал во регионов, славниот ров на Петроварадинската тврдина ќе заблеска од 6 до 9 јули со посебна енергија поради едно од своите најсилни изданија кое од денеска го предводи апсолутниот број 1 на електронската сцена, Ерик Придз (Eric Prydz), чиј настап публиката на „Егзит“ го чека цела деценија!
Токму тој е на чело на мега-силната листа на имиња кои ќе ја заземат „Денс Арената“, а во која се наоѓаат најголемите интернационални ѕвезди на електронската музика Амели Ленс, Индира Паганото, Нина Кравиц, „Каинемузик“, Мајкл Биби, „Хот Синс 82“, „КамелФат“, „Мајнд Агеинст“, „Ејџентс оф Тајм“, „Гиоли&Ассиа“, Бен Бумар, „Винтиџ Калчр“, Лејла Бенитез, како и водечките локални изведувачи меѓу кои се Марко Настиќ, кој оваа година слави 25 години работа, потоа Тијана Т, „Спејс Моушн“, „Коес“ и Кристијан Молнар.
Куриозитет на овогодишниот фестивал не е само суперсилната програма, туку и посебната визија на „Егзит“ за отворањето и финишот на фестивалот. Не само што првиот ден на „Денс Арената“ во целост ќе биде препуштен на „all female“ програмскиот состав кој го чинат Нина Кравиц, Амели Ленс, Индира Паганото, Тијана Т и Мију, туку станува збор и за веројатно најсилната техно програма која денеска може да се состави на едно место. Сетот за затворањето на Арената ова лето, со голема возбуда, ќе биде препуштен на најбараниот хаус колектив на денешницата – „Каинемузик“ (Keinemusik), кој по затворањето на официјалната програма ќе настапи и на афтерпарти, а сѐ заедно во траење од најмалку шест часа! „Ќе останеме до вторник“ –беше еден од коментарите на социјалните мрежи откако беше покрената онлајн кампањата дека токму овие велемајстори ќе ја затворат Арената.
Фантастичниот бран на нови имиња ја заокружува овогодишната електронска програма на „Егзит“ и се придружува во низата претходно потврдени изведувачи кои пристигнуваат во Нови Сад, како што се „Продиџи“, „Ву-Танг Клан“, „Скрилекс“, „Алесо“, „Виагра Бојс“, „Чејс енд Статус“, Клептон, „Софи Такер“, Димитри Вегас и Лајк Мајк, „ЛФ Систем“ и многу други. Продажбата на еднодневните влезници почнува на 15 март на пладне! Во понудата ќе се најде лимитиран контингент влезници по промо-цена од 2200 денари за секој ден и се очекува брзо распродавање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.