Вечерва, со почеток од 21:00 часот, на Платото пред Офицерскиот дом, во рамките на програмата на „БИТ ФЕСТ“, пред битолската публика ќе настапи култната македонска музичка група „Мизар“, една од најзначајните и највлијателни македонски групи, чија трага е длабоко врежана во современата македонска култура.

Повод за овој концерт е промоцијата на новото ЦД на групата „МИЗАР“ и прославувањето на 40 години успешно дејствување на домашната, но и меѓународна музичка сцена.

Овој концерт, ќе биде можност да се види „МИЗАР“ во целиот свој сјај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.