Градоначалникот на Милано му рекол на Валери Гергиев, прославениот диригент близок до рускиот претседател Владимир Путин, дека нема да му биде дозволено да води оркестар во престижната опера Ла Скала во март, освен ако не ја осуди руската инвазија на Украина.

Градоначалникот Џузепе Сала, кој е и претседател на Ла Скала, рече:

Бараме од него да заземе јасна позиција против оваа инвазија, а во случај да не го стори тоа, ќе мораме да се откажеме од соработката.

Гергиев, музички директор на театарот Марински од Санкт Петербург, на кого Путин му ја додели наградата Херој на трудот на Руската Федерација, треба да се врати во Скала на 5 март за да ја заврши програмата на Чајковски „Пикова дама“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.