Хеви-метал составот „Металика“ ќе дари 250.000 долари (околу 230.000 евра) на хуманитарните организации „Дајрект релиф“ (Direct Relief) и „Ворлд централ кичен“ (World Central Kitchen), коишто обезбедуваат помош за подрачјата погодени од земјотресите во Турција и Сирија.
Немаме зборови за да го опишеме уништувањето во јужна Турција и северна Сирија. Земјотресот со јачина од 7,8 степени го претвори целиот подрачје во урнатини. Бројот на жртви продолжува да расте. Партнерските организации, „All Within Foundation My Hands“ (нивната фондација, б.п.), „Дајрект релиф“ и „Ворлд централ кичен“ работат на терен за да обезбедат медицинска помош и храна за жртвите од оваа катастрофа. „АФВМХ“ обезбедува грантови од 125.000 американски долари за секоја организација, заради поддршка на нивните напори“, соопшти „Металика“.
„Дајрект релиф“ обезбедува медицинска опрема, додека „Ворлд централ кичен“ работи на подготовка на над 125.000 оброци дневно. Донацијата доаѓа од непрофитната организација на американскиот бенд основана 2017 година за борба против гладот и во поддршка на образованието и други добротворни цели ширум светот.
Хеви-метал составот редовно донира пари во добротворни цели. Секој декември, на пр. тие одржуваат посебен годишен концерт наречен „Раце кои помагаат“ (Helping Hands) во Калифорнија, којшто меѓу другото, го полни буџетот на нивната хуманитарна фондација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.