Латино ѕвездата Малума (29) и неговата партнерка Сузана Гомез (29) го очекуваат нивното прво дете. Пејачот  го промовираше видеозаписот за песната „Procura“, кој е своевидна компилација од повеќе моменти од секојдневието на двојката.

Сепак, најголемо изненадување за обожавателите на Малума беа кадрите на кои тој и неговата избраничка се во лекарска ординација и ја гледаат ехо-снимката од нивното бебе.

Кон крајот на видеозаписот, може да се види и трудничкиот стомак на Гомез. Според инсертите, пејачот и неговата избраничка очекуваат ќерка.

Иако не обелоденија кое ќе биде името на бебето, обожавателите на Малума забележаа дека тој и Гомез носат персонализирани ланчиња на кои пишува „Парис“, што можеби сугерира дека тоа ќе биде името на девојчето.

Малума и Сузана Гомез ја започнаа љубовната врска во 2020 година, откако тој раскина со диџејката и модел Наталија Барулич (31) во октомври 2019 година.

Според колумбиските медиуми, тие биле пријатели пред да влезат во врска, односно ја започнале романсата откако Гомез се развела од претходниот партнер.

Инаку, Сузана Гомез е колумбиска архитектка, дизајнерка на ентериер и сопственичка на бренд за накит.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.