Македонкиот Џокер вчеравечер на социјалните мрежи ја објави својата нова песна со наслов „Такси“ и за само неколку предизвика бура од коментари. Она што е интересно, е тоа што сцените од видеото буквално наликуваат на акционен филм, во која главната улога ја има токму Џокер.

Од каде идејата за „Такси“?

Склоп на секојдневни ситуации: „Викни такси, дојди кај мене, сам сум“. Сигурен сум дека ќе се пронајдат многумина. Од таму ми дојде идејата, не дека е лична моја приказна, вели Џокер.

Тој ветува дека наскоро ќе ја изненади публиката со уште една нова песна, за која како што вели, ќе биде нешто ново и нетипично за нашата музичка сцена.

Џокер се потпишува како комплетен автор на неговата песна, а исто така негова беше и идејата за видеоспотот, кој го снимаше младиот режисер Дарко Јовановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.