Македонската поп ѕвезда Калиопи за в сабота најави јубилеен спектакл во салата „Борис Трајковски“ со којшто ќе одбележи 40 години на сцената. Нејзиниот концерт во Скопје доаѓа по речиси седум години, а како гости ги најави Слаткаристика, Жељко Самарџиќ и Ромео Грил.
Таа денеска на прес-конференција, во поинаков вид, на кој беше послужен и појадок, кажа дека концертот ќе биде тричасовен спектакл на која ќе ја даде целата своја енергија на публиката, бидејќи, како што кажа, тој флуид и и е најважен.
Не сум мегаломан, не ми е битен просторот, мене отсекогаш ми била битна публиката. Дали се 100, илјада, 200.000 луѓе во публика, за мене концертот има еднаква важност. Но, го гледам ова в сабота како една арена што ќе биде исполнета со луѓе и емоции и мислам дека ќе прашти од емоции и љубов. Имам малку, не страв, туку респект кон целото случување, затоа што се надевам дека нема да согорам во тие емоции и ќе можам да ви се дадам онака како што ви се давам со години, рече Калиопи.
Калиопи исто така кажа дека имала специјален режим на исхрана како подготовка за овој концерт, при што ја практикувала липосукциската диета и ослабела осум килограми.
Летово Калиопи одржа концерти во летово на Хераклеа во Битола и на Антички театар во Охрид. Концертот во Скопје ќе се одржи во „Борис Трајковски“ в сабота, на 19 октомври, за прв пат во оваа сала, во организација на „Прагма продукција“, со што ги заокружува настапите во земјава и продолжува во регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.