Пред неколку дена започнаа првите проби за овогодинешното издание на Евровизија која се одржува во Торино, Италија. Се очекува настап на вкупно 40 држави поделени во две полуфинални вечери.

Како и секоја година и оваа обложувалниците прогнозираат кој би можел да победи, а мора да се напомене дека во последните години го погодувале резултатот.

Како сега стојат работите најголеми шанси за победа има Украина, дури 43%, но мора да се напомене дека ова најверојатно е резултат на тамошната војна. Победата на Украина, според одредени мислења, ако се земе предвид состојбата на земјата се минимални, но пласман меѓу првите места е загарантиран.

Македонија според предвидувањата засега е на последното 40 место, без шанси за пласман во финале.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.