Концертот на Бајага & Инструктори е презакажан за 23 декември, соопштуват од Авалон продукција.

Причина за одложувањето е, како што велат, почит кон загубените животи.

На сите оние на кои како термин не им одговара 23ти декември, влезниците ќе им бидат во целост рефундирани. Во текот на утрешниот ден ќе објавиме повеќе информации околу рефундацијата. За сите останати, досега купените влезници ќе важат за новиот датум, а кога ќе бидат пуштени во продажба преостанатите влезници за 23ти декември ќе бидете наскоро информирани, соопштија од продукцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.