В четврток, на 4 јули, со почетокот во 20,30 часот во Националната опера и балет во склоп на Скопско лето ќе се одржи концертот „Најдоброто од Корпов“ на Ана Петановска.
Публиката ќе има можност да ужива во најголемите хитови компонирани од Григор Копров како што се „Лиду ду“, „Остани во мене“, „Не зори зоро“, „Не допирај ме“, „Твоите бакнежи на моите бели кошули“, „Анушка“ и многу други.
Концертот преставува музичко патување низ долгогодишното творештво на Григор Копров, во изведба на моќниот вокал на Ана Петановска со ексклузивните гости: мега ѕвездата Владо Јаневски, единствената Наде Талевска и топлиот вокал на Горан Наумовски, а во придружба на камерен оркестар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.